Ние сме креативен хаб кој постои за да ги спојува луѓето, брендовите и заедниците преку иновативни приказни и свежа енергија.
Нашата визија е едноставна: да креираме содржина и искуства што ќе инспирираат, ќе внесат позитивност и ќе остават трага. Ние веруваме дека секоја идеја, без разлика колку е мала, може да стане голема ако е кажана на вистински начин. Затоа нашата работа е секогаш микс од креативност, стратегија и современа технологија.
Во UP28 гледаме на светот како на платно за нови можности. Ние не сме само тим, туку заедница на луѓе со различни таленти и перспективи, кои заедно градат нешто повеќе од проекти – градат култура на креативност и поврзаност.
Нашата веб страна е повеќе од официјална платформа – тоа е портал на креативноста, место каде што се откриваат нови содржини, инспиративни приказни и корисни совети.
Со рубриките Thumbs UP, Arts UP, Shape UP, Health UP, Food UP ... го градиме нашиот бесконечен свет на инспирација. Тука ќе најдеш мотивација да го следиш својот пат, уметност што ќе те размрда, идеи што ќе те натераат да размислуваш поинаку, совети за здрав и балансиран живот, како и вкусни приказни што го слават уживањето во храната.
Порталот е нашата дигитална сцена – дел од UP28 – Up to Infinity | До бесконечност, каде што секоја содржина е создадена за да донесе value, позитивност и чувство на припадност. Тука не си само читател, туку дел од заедница која верува дека креативноста нема граници.